„Беше невидлива 20 години, зошто сега му го прави ова?!“: Сопругата на Лионел Меси е мета на критики поради фотографии од одмор

Добивај вести на Viber

Сопругата на Меси обично ужива само во комплименти, а сега злонамерните фанови се насочија кон неа поради бизарна причина

Само што се врати од одморот во Аргентина, каде се опушташе по освојувањето на шампионската титула на Светското првенство во Катар, фудбалерот Лионел Меси повторно доби неколку дена одмор во Парис Сен Жермен.

Спортистот ова го искористи за ново семејно патување, па „скокна“ на Алпите со сопругата Антонела и синовите Тијаго, Матео и Чиро.

Двојката сподели повеќе фотографии од одморот, па ги видовме како уживаат во зимската магија и заедничките моменти, а на социјалната мрежа „Твитер“ се појавија и злонамерници на кои им падна во очи дека Антонела сама се фотографирала, додека фудбалерот објави семејни портрети.


„Тоа што беше невидлива 20 години е опасно за нејзиното его, сега го надополнува тоа“, „Жени“, „Секогаш е таква“, „Зошто постојано му прави така?“, „Како да отишла таму сама. “, „Кој би слушнал за неа да го нема“... се некои од лошите коментари.

Но, пропуштиле што сопругата на познатиот спортист претходно објавила цел фото албум со сопругот и децата.


Во секој случај, Антонела нема причина да го оправдува, ниту пак е должна да ги споделува само фотографиите што тие ги очекуваат, иако згора на тоа, таа е една од сопругите која често јавно му покажува поддршка на својот сопруг и ги споделува нивните моменти заедно.

View this post on Instagram

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


Да потсетиме, Лионел Меси и Антонела се заедно уште од школските денови, а моментално живеат во Париз во луксузна вила.

Извор: glossy.espreso.co.rs