Беше невозможно да имаш трема покрај него: Андријана Јаневска емотивно за Тоше

Добивај вести на Viber

Пејачката Андријана Јаневска со својата нова песна „Дај пољуби ме“, се пробива на хрватскиот музички пазар. Во интервју за хрватскиот сајт 100посто.хр, Јаневска која е редовна професорка на Факултетот за музички уметности во Скопје и прва виолина во Македонска опера и балет, открива многу за својата љубов кон музиката и семејството.

Еден од поемотивните делови е оној каде таа раскажува за своето пријателство со нашата прерано почината ѕвезда Тоше Проески.

Со Тоше се запознале на сцената, на почетокот на своите кариери. 

- Го запознав Тоше во 1997 година, кога првпат настапи на МакФест. Следната година настапивме на Скопскиот фестивал, а потоа почнавме со дружење. Живееше во Крушево, јас во Скопје, но тој често доаѓаше и многу се дружевме. Во 1999 година имаше концерт во Скопје, па ме повика и ме покани да пееме во дует, јас бев негов единствен гостин. Јас дури и не знаев што ќе пееме, и се договоривме на самото место. Ние дури и не ја пробавме песната бидејќи врнеше цел ден и не можевме да направиме ниту еден тест со бендот. Значи, нашата изведба беше без проби. Но, тој беше толку мирен што беше невозможно да имаш трема покрај него. Пеевме како да ја изведовме песната стотици пати. Потоа, му тргна, имаше договори, многу понуди во регионот - се присети Јаневска.

Тој беше Тоше, вели таа, различен од другите. 

- Тој беше различен од останатите, тој беше многу харизматичен, секој го сакаше. Беше природен каков што беше - непосреден и добро. Неговата загуба е огромна затоа што веќе не е тука, Македонија е мала земја и немаме многу музичари кои би успеале, особено по распадот на СФРЈ, коментира Андријана.