Беше новинарка и разведена жена, па стана кралица

Добивај вести на Viber

Кралските семејства ширум Европа во последните сто години нужно мораа да ги демократизираат своите правила и да ги прекинат долго негуваните обичаи. Еден од нив е и оној дека аристократите не смеат да се мешаат со обичниот свет. Модерното време донесе некои големи љубовни врски кои претходно беа незамисливи. Таква неверојатна е и љубовната приказна на шпанскиот принц, денес крал, Фелипе и поранешната новинарка Летиција Ортиз.

Фелипе растел во ракош и луксуз знаејќи дека еден ден ќе ја наследи семејната круна, а Летиција потекнува од просечно семејство и се’ до бракот имала сосема обично секојдневие. Завршила факултет за новинари и станала репортерка и дописничка за CNN од Шпанија.

Нејзината мајка била болничарка, а татко ѝ го предводел синдикатот на медицинскиот персонал. Не тргнала по нивните стапки, многу повеќе го сакала пишаниот збор. Вујко ѝ бил радиоводител, а дедо ѝ писател, па од таму ја наследила љубовта кон тоа што во дадем момент ѝ бил професионална определба.

По разводот на нејзините родители во 1999 година, татко ѝ се преженил за новинарката Ана Тогорес. Овој негов потег бил разочарувачки за Летиција, но две децении по разводот, сепак одлучила да му прости што ја напуштил нејзината мајка.

Само една година пред да се разделат нејзините нродители, таа првпат го кажа судбоносното „ДА“ на писателот и средношколски професор Алонсо Гуерер Перез. Пред да се венчаат биле цела деценија во врска, но со развеле по само една година заеднички живот.

По разводот, Летиција одреден период живеела сама пред да го запознае Фелипе, својот принвц во буквална смисла. Романсата на почетокот вешто ја криеле, па нивната веридба за многумина била шок. Било крајно несекојдневно престолонаследник на шпанската круна да се ожени со жена без аристократско потекло, па уште и разведена. Сепак, Летиција успеала да ги надмине сите бариери.

Свадбата во 2003 била прва кралска венчавка во Мадрид во последните сто години. Родителите на Фелипе ги разменија заветите во Атина, а неговите сестри во Севиља и во Барселона. Фелипе и Летиција кои во 2014 година станаа крал и кралица, имаат две ќерки и со нивната интимна приказна покажаа дека бајки постојат и во реалниот живот.

За убавината на Летиција, светските медиуми сега на големо пишуваат, а според многумина таа има поизразено чувство за мода и подобар стил дури и од војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл.