Беше сопруга на познат актер и преубава манекенка, а потоа сѐ тргна низбрдо: Денес таа е бездомник а тој никогаш не изгледал подобро (Фото)

Поранешната сопруга на актерот Џереми Џексон, кој се прослави со улогата на Хоби Бјукенан и синот на популарниот Мич во „Beachkeepers“, Лони Вилсон (39) неодамна беше фотографирана во близина на населбата Венис Бич во Лос Анџелес, откако исчезна од јавната сцена пред неколку години. Поранешниот фитнес модел е бездомник од 2016 година, а дното го допре поради зависноста од кристал мет и бројни проблеми со менталното здравје.

Таа беше фотографирана како ги турка своите работи во количка за пазарење и им кажа на новинарите на „Сан“ дека „добро ѝ оди“ и дека немала контакт со Џереми Џексон во последните години.

-Не разговарав со Џереми. Не сакам да разговарам со моите пријатели, добро ми е. Не сакам никој да ми помогне, рекла Лони, пренесува "Дејли мејл".

Таа инсистирала дека „може да живее сама“ и дека „има се што и треба“.

-Немам мобилен телефон. Имам храна и место за спиење. Добивам пари од каде што ми требаат, а храната наоѓам во канти или во близина на продавници, вели таа.

Манекенката која некогаш ја красеше насловната страница на австралискиот магазин Glam Fit, сега има кратка коса обоена во розова боја, и е исклучително слаба, а и недостасуваат и неколку заби.

„The Sun“ пишува дека нејзината количка била преполна со различни парчиња облека и други предмети кои и се допаѓале додека пребарувала низ блиските канти.

Почеток на крајот

Згодната русокоса западна во оваа ситуација во 2016 година, кога ја загуби работата како асистент во клиниката за естетска хирургија во Лос Анџелес. После тоа, таа наводно работела за агент за недвижности кој на крајот не и платил, што довело до нејзиниот емоционален, ментален и финансиски дефект.

Не можејќи да ги плати сметките или да најде постојана работа, Лони на крајот била исфрлена од нејзиниот стан во Западен Холивуд и принудена да живее на улица.

-Изгубив две работни места и се се распадна. Поминаа две години и оттогаш сум на улица. Се што ми се случи е неверојатно, изјави таа во 2018 година.

Истата година, Дејли Мејл се обиде да и помогне поврзувајќи ја со експертот Лери Маринели, кој им помага на луѓето со проблеми со зависноста. Тој и понудил бесплатна помош на оваа Американка, па дури и направил детален план за лекување, но таа одбила.

Инаку, Лони се венчаше со Џексон во декември 2012 година, по неколку години врска. Но само две години подоцна се разведоа.

Популарниот актер, кој се испроба и како музичар, не сакаше да ја коментира за незавидната ситуација во која моментално се наоѓа Лони, но се претпоставува дека мислел на неа кога рекол дека „некои луѓе едноставно не сакаат да им се помогне“.

-Се што можам да кажам е дека моето внимание, моето време, мојот фокус е онаму каде што можам да бидам најефективен, рече тој на прашањето дали е загрижен за Лони.

Џексон го завела со долгите руси локни кои одамна ги нема, а порано работела и како модел и бодибилдер. За жал сето тоа сега се само убави спомени.

Двојката имаше прилично турбулентна врска, а сè кулминирало со физичка пресметка во летото 2014 година, кога Џексон и скршил две ребра на сопругата, ѝ го повреди вратот и ја изгребал по лицето. Лони целата драма ја снимила на својот телефон, а повикала полиција тврдејќи дека актерот се обидел да ја убие само затоа што се обидела да му објасни дека се однесува како лудак. На крајот, таа го повлече извештајот, но сепак откри уште некои детали - во таа прилика Џексон уништил вредни работи низ куќата, а ден претходно и испратил песна чиј текст гласел „Сакам да те убијам“.

Актерот имал многу проблеми со зависноста од стероиди и алкохол, а тоа никогаш не го криел. Исто така, неговата насилна природа и проблематичен темперамент резултираа со низа проблеми, меѓу кои и затворска казна. Меѓутоа, денес живее нешто помирен живот, посветен е на вежбањето и се кае за грешките од минатото.


Фото:Profimedia