„Бев киднапирана кога имав 4 години, две децении подоцна го пронајдов татко ми“: Ја открила мрачната тајна на својата мајка

Добивај вести на Viber

Се сретнала со својот татко по 20 години. Девојка од Јапонија, која на социјалните мрежи се нарекува Summer Maple, ја откри својата несекојдневна животна приказна. Откако дознала што направила нејзината мајка, не се смирила додека не ја дознала вистината. И повторно го видела својот татко.

Оваа девојка, која живее во Америка, тврди дека нејзината мајка ја киднапирала кога имала четири години и ја однела од Јапонија во САД без знаење и дозвола на нејзиниот татко. Верувала дека мајка ѝ го направила тоа затоа што татко ѝ ги напуштил.

Јазолот почнал да се одврзува во 2022 година кога Фука, како што гласи нејзиното вистинско име, дознала дека сè уште е јапонска државјанка. Таа отишла во оваа земја и го посетила родното место по 18 години за да се види со нејзината баба по мајка. Таа се зближила со неа и во една од кутиите пронашла слика од нејзиниот татко. Таа не знаела каде е. Таа ја објавила неговата слика на Тикток, напишала дека го бара и се станало вирално. Го пронашла на Фејсбук, каде му испратила порака. Неколку месеци подоцна тој ѝ одговорил.


„Пред да ми каже нешто, тој нагласи дека секоја приказна има две страни: „Можеби мајка ти има поинаква перспектива, но вака се чувствувам“. Моите баба и дедо се будистички свештеници и имаме будистички храм во Јапонија каде што храмот се пренесува на секоја генерација, а тој е во нашето семејство стотици години. Мојата мајка требаше да го преземе храмот, па нејзиниот сопруг, мојот татко, отишол по потврда и кога се вратил ... ние заминавме“ - раскажала таа.

Таа објаснала дека нејзиниот татко отишол во Америка за да ја врати, но поради неговата виза морал да се врати во Јапонија кога се развел од нејзината мајка.

Нејзината мајка го уверувала дека има целосно родителски права. Тој се согласил на тоа, но под услов двајцата да останат во Јапонија. Меѓутоа, нејзината мајка ја однела Фука во САД каде живееле нејзиниот нов партнер и новото семејство. Ја тужел, но владата не му доделила старателство.

„Во Јапонија разводот е навистина табу и тешко е таткото да добие еднакви родителски права по разводот. Тој се бореше за нас, но во Јапонија имаат многу конзервативни ставови за правилата на мајките и татковците и мажите и жените.

Мајка ми всушност му рече на мојот биолошки татко да престане да контактира со нас и му кажа дека имам нов татко и дека повеќе не ни треба во нашите животи“.

Средбата на Фука со нејзиниот татко ѝ ја скршила и ја излечило. Дознала дека има двегодишен полубрат. Таа е среќна поради тоа, но и тажна бидејќи го немала детството што го посакувала, често се чувствувала безвредно и несакано. Таа пораснала мислејќи дека нејзиниот татко не ја сака во близина.


„Никогаш не знаев колку значам за него и неговото семејство додека не ги запознав, тие ги чуваа своите спомени за мене надевајќи се дека ќе се вратам.

Додека заминував, татко ми се расплака и ме прегрна, кажувајќи ми колку е благодарен што ме има во својот живот. Не ни знаев што пропуштив. До следниот пат, се гледаме наскоро“, рекла таа, пишува Дејли мејл, кој не можел да стапи во контакт со мајката.


 Foto: TikTok / screenshot