„Бев љубовница, со мене ја изневеруваше сопругата“: 5 познати пејачки кои гордо признаа дека биле во врска со женети
Некои од пејачките во соседна Србија отворено признаа дека биле во врска со оженети мажи
Многу пејачки на Балканот се занимаваа со прељубнички афери, а дел од нив и јавно зборуваа за тоа, признавајќи дека биле љубовници.
И додека некои од нив тврдат дека мажот со кој започнале романса криел дека е во брак, и дека не знаеле во што се впуштаат, други отворено велат дека свесно влегле во врска со зафатен маж.
1. Злата Петровиќ
Пејачката никогаш не криела дека во еден момент од животот била љубовница. За тоа проговорила јавно, а она што никогаш не го открила е идентитетот на човекот со кој имала афера.
- Пет години бев со оженет маж. Бев добра љубовница, но се грижев да не го разведам човекот со кој тајно се гледав. Не сум љубоморна, па не ми беше проблем да делам маж со друга жена. Никогаш не бев со мажи за профит, туку за задоволство. Веќе некое време имам маж покрај мене. Јас сум решена! Имав бурни врски и раскинувања, па научив да не планирам повеќе ништо. Сега си велам: „Нека трае додека трае“ и не се нервирам за ништо! – изјави своевремено Злата.
2. Љупка Стевиќ
Цела Србија внимателно го следеше скандалот кој се случи откако пејачката дозна дека нејзиниот љубовник е неверен. Имено, таа знаела дека нејзиното момче е во долгогодишен брак, па и покрај тоа решила да остане со него.
Кога Љупка дознала дека генералот Симиќ освен неа има и други љубовници, решила брутално да му се одмазди. Снимките на кои се гледа како го крши неговиот автомобил ги преплавија социјалните мрежи.
- Поради прељуба. После 10 години... Седиш дома, планираш брак, семејство, деца и после сфаќаш дека ниту ги поднел документите за развод, ниту планира да се разведе, ниту планира да ме остави на мира. А покрај се‘, има уште две... И тоа го дознав не затоа што сум полицаец...“
3. Индира Арадиновиќ
Пејачката призна дека била љубовница, изрази став дека секоја девојка мора да помине низ тоа.
- Би била будала ако кажам дека не сум била љубовница, затоа што секоја млада девојка мора да помине низ тоа! Мислам дека би сакале сето тоа да го пробаат и дека мора на тој начин да созреат, за подоцна да бидат големи паметни луѓе – вели Инди.
4. Габријела Пејчев
Пејачката Габријела Пејчев јавно проговори за врската со оженет колега кој набргу откако се дозна за нивната афера, се смирил со сопругата која му ја простила прељубата.
-Тоа е една од ситуациите каде што најмногу се потресов. Во тој момент имаше голема медиумска помпа. Она што излезе од таа ситуација беше дека некој е повреден многу повеќе од мене или многу повеќе од него. Мислам дека неговата сопруга, Санела - изјави Габриела, која призна декаго сакала Семир:
- Го сакав. Ја прекинав таа врска бидејќи тој беше оженет, но во тој момент не размислував за никој освен за себе. Бев многу себична – признала таа која не крие дека била љубовница.
- Бев љубовница. Ако можеа да ме обесат во центарот на градот, ќе ме обесеа. Толку ме растргнаа медиумите што не беше нормално – изјавила пејачката.
5. Тамара Милутиновиќ
Пред неколку години се појави веста дека пејачката Тамара Милутиновиќ го растурила бракот на познатиот композитор Сашко, со кој соработуваше со години.
И откако одби да признае, пејачката реши после подолг период да и открие на јавноста дека нејзиниот тогашен љубовник се разведува.
- Не сакавме да зборуваме за тоа, но сега ќе признаам - да, во врска сум со Сашко Николиќ! Многу се зборуваше за тоа, но не сакам да навлегувам во детали. Моментално неговиот развод е во тек, па поради почит кон сопругата не сакам да откривам детали – изјавила Тамара пред две години за локалните медиуми.
Фото: Youtube - screenshoot