Бездомничка најде работа: Видете ја реакцијата, ќе заплачете или ќе се насмеете (ВИДЕО)

Оваа млада девојка била бездомник две години, а поради пандемијата изгубила неколку работни места

На социјалните мрежи се шири трогателно видео од надзорни камери, на кое се гледа девојка како танцува од среќа откако се вработила.

Кајалах Џонс (21) стана омилена низ социјалните мрежи откако прослави важен настан на паркингот пред ресторанот каде доби работа. Отпрвин погледна наоколу, и кога се увери дека никој не ја гледа, започна возбудено да танцува и на крајот ноншалантно се оддалечи како ништо да не се случило.

Девојчето е бездомник две години, а нејзиното барање работа го отежнувала пандемијата на коронавирус, а поради ковид-19 таа неколкупати била отпуштана од работа.

Сопственичката на ресторанот објаснила дека ја вработила Џонс затоа што имала голема енергија и позитивност што ја осветлувала просторијата. Откако ја видела како танцува на надзорните камери, таа ја повикала девојката.


- И реков дека ќе ја вработам и дека го видов нејзиниот среќен танц за да може да продолжи да танцува. Таа врескаше на мојот телефон и тоа беше прекрасен момент за двете - изјави Дакар Спенс.

По повикот, таа објави видео на социјалните мрежи. Наскоро стана кое наскоро стана вирално со 1,2 милиони прегледи на Инстаграм и 1,5 милиони прегледи на ТикТок.



Фото и Видео: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Пијани бебиња: 15 фотки кои докажуваат дека нема ништо послатко од млеко