(ФОТО) БЕЗДУШНА ДАМА: Првата дама на Сирија Асма ал Асад -елегантен стил, бездушно троши пари на накит
Додека речиси цел свет е оптеретен со она што го облекла, како се нашминкала и кој накит го ставила на себе моментално најпознатата прва дама на САД Меланија Трамп и француската дама Брижит Макрон, километри далеку во Азија живее една од најубавите сопруги на политичарите.
Првата дама на Сирија, Асма ал Асад е убавица која е стилски неоптеретена, а повторно совршено облечена плени погледи, а креациите кои ги носи потсетуваат на стилот на сопругата на американскиот претседател.
Гламурозен накит
Асма најчесто може да се види во женствени сукњи, елегантни одела или пак во комбинации со едноставен пуловер со панталони за неформални прилики. Прекрасната Сиријка најкомотно се чувствува во неутрални бои, црна, сива и беж со кои е и тешко да се згреши, а кога се во прашње фустаните најчесто се работи за црни едноставни модели со интересни детали.
И додека судејќи според се Асма ужива да носи едноставна а елегантна облека, за нејзин накит тоа не може да се каже. Слабата убавица околу врат најмногу сака да носи „преголеми“ огрлици кои ја дополнуваат нејзината гардероба. И покрај едноставноста, обувките внимателно ги избира и на нив е подготвена да потроши богатство, така да омилени чевли и се оние на Кристијан Лоуботин, Ботего Венето и Шанел чантите.
Признание на нејзината убавина и начин на кој се облекува во 2008 година и даде францускиот магазин Elle кога ја прогласи Асма за жена со најмногу стил во меѓународната конкуренција на жени во политиката.
(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА АСМА АЛ АСАД: „Првата дама на пеколот“ или „Пустинска ружа“ и нејзиниот стил
Интересен е податокот дека во францускиот магазин таа ја победила дури и Карла Бруни Саркози. Стилски најугледна ја прогласи големото жири составено од француски дизајнери и уредници, кои се намачиле во изборот бидејќи како што нагласиле, дамите на политичарите секој ден се сѐ поубави, ги има се повеќе а креаторите се борат за нивен наклон.
Успешна научничка
Иако Сирија е регион во кој жените дословно обожаваат да се шминкаат па во тоа и претеруваат, шминката на Асма е многу децентна и се води по добро познатата изрека „помалку е повеќе“. Нејзиниот природен изглед и класичен стил на облекување го дополнува со едноставни фризури и брановидна коса.
Денес позната како прекрасна и елегантна дама, Асма бега од јавноста. Првите денови од „кариерата“ како сопруга на сирискиот претседател ги поминала криејќи се од очите на љубопитната јавност и посветувајќи се на обичните луѓе. Во маички со кратки ракави и фармерки патувала низ земјата како би им се приближила на проблемите во општеството. Меѓутоа, многумина велат дека Асма е бездушна. Токму денес во Сирија беснее граѓанска војна која трае веќе неколку години, додека таа и нејзиното семејство и понатаму уживаат во огромна палата и раскош.
Асма се покажала и како успешна научничка и сопруга и мајка. Родена во Лондон како Асма Акхрас, ќерка на познатиот сириски кардиолог Фавас Акхрас кој потекнува од угледно сириско семејство. Своето детство го поминала во западниот дел на Лондон во предградието Актон. По завршеното средно школо дипломирала сметководство и француска книжевност на Кингс Колеџот во Лондон, а потоа шест месеци патувала во далечниот Исток и Европа.
Поранешен советник на Асад вели дека Асма Асад нема срце. Опседната била со својата убавина и модерен изглед. Единствено што и било важно е луксузниот живот.