Би можеле да поминете покрај неа и да не ја препознаете: Пејачката која ја обожававме пред 17 години се врати сосема различна (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Во првата деценија од 2000-тите, таа имаше голем број светски хитови и работеше толку напорно што доживеа нервен слом на сцената, а скандалот со Моамер ел Гадафи придонесе за нејзината одлука да се одмори од славата

Канадската пејачка со португалско потекло Нели Фуртадо (44) го означи почетокот на 2000-тите години со бројни хитови кои и денес често ги слушаме, пред сѐ за време на нејзината соработка со продуцентот Тимбаленд.

Само дел од песните кои ја одбележаа нејзината кариера се „Say It Right“ и „Maneater“ и „I'm Like a Bird“, а во периодот од 2000 до 2009 година сними четири албуми, по што објави уште два со подолга пауза.


Таа освои голем број признанија, меѓу кои и Греми, но пред извесно време се повлече од сцената откако беше откриено дека пеела на забавата на поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи за хонорар од еден милион долари. Потоа вети дека ќе ги донира овие пари во хуманитарни цели и продолжи да настапува, но тоа е сѐ поретко, а нејзините подоцнежни албуми не постигнаа толкав успех како оние од почетокот на нејзината кариера.

Во првите години од музичките почетоци таа доби ќерка со нејзиното тогашно момче Џаспер Гахунија, а пред две години на Инстаграм откри дека има уште две деца, а потоа за „Вог“ изјави дека е мајка на друго девојче и момче.


Во меѓувреме, таа почесто привлекуваше внимание со приватниот живот, бидејќи отворено зборуваше за бисексуалноста, за дијагнозата на АДХД, за купување скапи недвижнини, за натрупување килограми...

Како што признала, на нејзината одлука да се пензионира влијаела и нејзината борба со менталното здравје.

- Доживеав нервен слом на сцената - изјави еднаш таа за „Daily Mail“. - Бев на турнејата „Loose“, а со мене беше и ќерка ми. Бев и мајка и пејачка на пат. Бев исцрпена. Потоа една вечер се качив на сцената и сфатив колку сум под стрес. Завршив со плачење низ првите две песни. Веднаш направив пауза од музиката и отидов дома. Сфатив дека она што ми треба е да бидам дома со целото семејство.

View this post on Instagram

A post shared by Nelly Furtado (@nellyfurtado)


За тоа време ретко ја гледавме Нели, а сега најави големо враќање!

Откако неодамна ја изненади публиката со појавувањето на сцената со австралискиот продуцент Дом Дол на фестивалот „Лолапалуза“ во Чикаго, Нели Фуртадо беше видена и пред музичко студио во Лос Анџелес. Иако вообичаено се труди да се држи настрана од јавноста, пејачката сега им позирала на папараците, а се шпекулира дека наскоро ќе пристигне и нејзиниот нов албум, прв од 2017-та година.

Извор: glossy.espreso.co.rs