БИБА ДОДЕВА НОСТАЛГИЧНО СЕ ПРИСЕТИ НА МАЈКА СИ: Старите рецепти се најскапо наследство

Добивај вести на Viber

Пејачката и претседателка на здружението БОРКА, Биба Додева носталгично се потсети на својата покојна мајка. Барајќи стари рецепти за готвење, Биба наишла на тефтерот на својата мајка во која ги запишувала своите специјалитети. 

„ Си го најдов тефтерот со рецепти од мама. Да ви кажам, ништо до сега не ми побудило такви спомени како “комизброд”, “милиброд”од мама( баба ми Верче), “куглоф од Лена”(најдобрата другарка на мама), “баклава со суви смокви”(од Цуна вујна ми). Фала ти мамо за ова најскапо наследство. Денес ќе готвам по тие рецепти иако секогаш знаеше да кажеш “моја Биби никогаш не готви по рецепти”, се присети Биба на мајка си, која почина поред повеќе од една година.

На својот фејсбук профил, Биба често знае да сподели драгоцен спомен од мајката. 

„ Година помина, ама некои денови тешко врват. Ми фалиш мамо. Понекогаш толку многу боли, па не сакам ни да помислам дека не си со нас повеќе и си ја голтам тагата во себе, стискам заби и ќутам. Зошто ако проговорам колку ме боли што не си со мене и си признаам на себе, ќе се распаднам. Ама се држам.. Се држам за Емче и Алекс и се трудам да бидам добра мајка и баба како ти што беше за мене и за Емче“, напиша Биба во јули,  една година по смртта на својата мајка.

Нејзината ќерка Емануела е мажена во Потругалија и е мајка на Умберто Александар, кој во јуни наполни една година. 

На крајот на минатиот месец, се отвори дневниот центар “Собата на Жозеф” - за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести на Детската Клиника, во организација на Здружението за борба против рак, “БОРКА – За секој нов ден”, чиј претседател е Биба.