,

Бидејќи мајка ми почина се плашам дека и ти ќе умреш: Џон Траволта за разговорот со 10-годишниот син по смртта на сопругата

Траволта доживеа две големи загуби во животот. Еден од неговите синови почина на само 16 години откако претрпе фатален напад за време на одмор на Бахамите. А, минатата година Траволта ја изгуби и сопругата Кели, таа почина од рак.

Познатиот актер во интервју отворено зборуваше за тоа како  разговарал за смртта со својот 10-годишен син откако неговата сопруга и мајка на момчето, почина минатата година.

Актерот Џон Траволта (66) ја загуби сопругата Кели Престон, која почина на 58 -годишна возраст од рак на дојка, пред речиси една година. Нејзината смрт длабоко го погоди семејството на Траволта.

Повеќе од една година подоцна, тој раскажа дека морал да разговарал за концептот на умирање со неговиот 10-годишен син Бен.

- Еднаш ми рече „бидејќи мајка ми почина се плашам дека и ти ќе умреш“. Му објаснив дека никој не знае кога ќе замине или колку долго ќе остане на овој свет. Утре можам да умрам. И ти можеш. Секој - раскажува Траволта во интервјуто со актерот Кевин Харт, а пренесува Дејли Меил.

Траволта рече дека неговиот син секогаш ја ценел искреноста и затоа не го избегнал тој разговор со него.

- Мораме да ја гледаме смртта како дел од животот. Никој не знае ништо со сигурност. Само мора да даваме се' од себе за да живееме што е можно подолго - рече тој.

Тој спомена дека неговиот син го изненадил со многу зрела перспектива на животот кога разговарале за тоа што значи дека Траволта има над шеесет години.

- Ме праша дали се сеќавам на времето пред 30 години и дали ми се чини дека тоа било одамна. Кога реков да, тој ме праша дали мислам дека имам уште 30 години во себе, на што јас исто така реков да. Бен ме праша што не е во ред со тоа и така тој целосно го промени мојот став за смртта - призна актерот.

Тој му се довери на Кевин Харт дека сега, по смртта на неговата сопруга и најстариот син Џет, кој трагично почина во 2009 година на само 16 години, тој „живее за своите деца“. Тој рече дека неговата ќерка Ела Блеу (21) веќе го пронашла својот пат во животот со тоа што станала актерка, но дека сепак треба да му обезбеди добар живот на најмладиот Бен.

Во една прилика Траволта остави трогателен пост на Фејсбук со кој оддаде почит на неговиот прерано починат син: „Велат дека најтешката работа на светот е губење на родител. Сега можам да кажам дека не е точно. Најтешко е да се изгуби дете. Некој што сте го воспитувале и гледале како расте секој ден. Некој што сте научиле како да оди и зборува“, напиша тој.

извор:24sata.hr
фото:instagram