Најтешката работа на светот е да изгубиш дете: Џон Траволта за загубата на неговиот 16-годишен аутистичен син

Неговиот син претрпе фатален напад за време на одмор на Бахамите. А, минатата година Траволта ја изгуби сопругата Кели, таа почина од рак

Актерот Џон Траволта претрпе трагични лични загуби во животот. Во 2009 година, неговиот син Џет, кој имаше аутизам, почина откако претрпе напад за време на одмор на Бахамите. Минатата година во јули, неговата сопруга Кели Престон ја загуби двегодишната битка со ракот на дојка. 

Сепак, Траволта продолжува да војува за остатокот од своето семејство. Тој неодамна објави видео од него и неговата ќерка, Ела како го рекреираат танцот од филмот „Grease“, како дел од реклама. Но, спомените за загубите траат. 

Една од радостите во неговиот живот беше Џет, а во голем број негови интервјуа, тој  зборува за неговата длабока наклонетост кон неговиот син. Во едно интервју за „PEOPLE“ во 1994 година, кога Џет беше сè уште жив, Траволта зборуваше за тоа колку му значеше неговиот син. 

"Не можам да замислам каков ќе беше животот без Џет. Откако тој се роди, го држев со часови додека Кели спиеше. Кога дојдоа да го одведат на разни тестови, реков: „Не, може. Ќе треба да го сторите тоа друг ден“, изјави тогаш актерот. 

Тој и неговото семејство биле на Бахамите кога се случила трагедијата. Џон и неговата сопруга ги разбудила дадилката едно утро раскажувајќи им за Џет кој страдал од напад, пренесува ABC. „Претходно Џет имаше напади, но овој се покажа како кобен. Трчав долу со сопругата да му помогнам на мојот син“, изјави Траволта за време на излагањето пред судот во Бахама. Тој поведе случај за инцидент за изнуда против две лица таму.

Еден од нив бил болничар, Тарино Лајтбурн, кој ги одвел Џет и неговото семејство во болница по нападите. Пред да биде обвинет и уапсен за заговор за изнуда, тој даде интервју каде ги опиша последните моменти на Џет со неговиот татко. Тој рече: "Бевме јас, тој и Џет. Никогаш нема да го заборавам тој ден. Го видов како се наведнува и го прегрнува својот син и го бакнува и му кажува дека го сака, а јас направив се што можам. Видов љубов во неговите очи, видов љубов. (Траволта) го прегрна, го бакна на челото и образот и му рече дека го сака. Потоа се сврте кон мене и ме прегрна и ми рече: момци завршивте прекрасна работа“. Семејството Траволта е познато дека е многу приватно во врска со нивниот личен живот, а тој несреќен случај беше еден од првите случаи кога тие отворено зборуваа за болеста на нивниот син.

Траволта пред судот изјави дека неговиот син страдал од болест Кавасаки и имал напади на секои 5-10 дена. Од кои секој би траел околу една минута, а потоа Џет спиел и одмарал 12 часа по нападот. 


Според „Healthline“, болеста Кавасаки или КД е болест што предизвикува воспаление во артериите, вените и капиларите ... и предизвикува симптоми во вашиот нос, уста и грло. Тоа е најчестата причина за срцеви заболувања кај децата". 

По повод шестата година од смртта на Џет, Траволта остави трогателен пост на Фејсбук со кој оддаде почит на неговиот син: „Велат дека најтешката работа на светот е губење на родител. Сега можам да кажам дека не е точно. Најтешко е да се изгуби дете. Некој што сте го воспитувале и гледале како расте секој ден. Некој што сте научиле како да оди и зборува“, напиша тој.

Траволта додаде: "Некој на кого си покажал како да сака. Тоа е најлошото нешто. Мојот син почина од напад. Тој ми донесе толку многу радост. Тој ми беше сè. Тие 16 години да бидам негов татко ме научија како да сакам безусловно. Ние мора да застанеме и да им бидеме благодарни на нашите деца, а децата треба да застанат и да им бидат благодарни на своите родители. Бидејќи, животот е многу краток. Поминете време со вашите родители и родители поминете време со вашите деца. Однесувајте се кон нив добро. Бидејќи , еден ден, кога ќе погледнете во вашиот телефон, тие веќе нема да бидат таму. Она што навистина го научив најмногу е, живеј и сакај секој ден, како да ти е последен. Затоа што, еден ден, ќе биде“.


Фото: Фејсбук/Џон Траволта

Можеби ќе ве интересира:

Геј афери, љубов и загуба на детето која едвај ја преживеаја: 30- годишната љубовна приказна на Џон Траволта и Кели Престон