Геј афери, љубов и загуба на детето која едвај ја преживеаја: 30- годишната љубовна приказна на Џон Траволта и Кели Престон

Легендарниот Траволта денес остана без љубовта на неговиот живот - шармантна актерка, за која Џорџ Клуни и Чарли Шин сакаа да се омажат, но вистинската љубов ја чекаше трпеливо целиот нејзин живот

Џон Траволта и Кели Престон се запознаа во 1987-ма година, на сетот на комедијата „Експертите“, во време кога таа беше во брак со актерот Кевин Гејџ. Иако Џон Траволта со децении зборуваше дека двајцата се заљубиле на прв поглед, Кели подоцна разјасни: „Да речеме. Јас не бев во среќен брак, ајде да кажеме така. Бев со погрешна личност тогаш.“

Престон се омажи за Гејџ во 1985-та година, но тие се разделија две години подоцна. Таа наскоро започна живот со Џорџ Клуни, од кого се раздели во 1989-та година, а потоа беше и верена со Чарли Шин.

Сепак, тоа не траеше многу (иако Кели негираше дека тоа е причината, се шпекулираше дека разделбата се случила кога тој случајно ја застрелал во раката), а во 1990-та година, веднаш штом слушна дека е слободна, Џон Траволта даде сè од себе за да го освои срцето на убавата Кели Престон. Откако успеа во тоа, една новогодишната ноќ, актерот клекна на колена во луксузен ресторан во Швајцарија и ја побара за жена држејќи скап дијамантски прстен. Очигледно, Престон беше толку изненадена што веднаш прифати!

Свадбата се случи во септември 1991-ва година, кога Кели беше во третиот месец од бременоста, па се ветија на вечна љубов во Франција. Склучија и граѓански брак во Флорида неколку дена подоцна. 

За време на долгиот и среќен брак, тие имаа три деца: Џет, Ела и Бенџамин, а го загубија своето најстаро дете во 2009-та година за време на семејниот одмор на Бахамите. Џет, всушност, страдаше од болеста Кавасаки и добиваше напади, а Траволта и Престон повеќе пати ги обвинуваа „различните хемикалии“ за здравствените проблеми со кои се бореше нивниот син. Тој наводно паднал и ја повредил главата при еден напад, а слугинката го нашла во бањата во лоша состојба, по што повикала помош, но до моментот кога тој стигнал во болницата, Џет веќе бил мртов.

- Тоа е најлошото нешто што ми се случило некогаш. Ако ја зборувам вистината, не бев сигурен дека ќе го преживеам тоа - подоцна призна актерот.

По неговата смрт беше откриено дека детето имало и аутизам, што актерите подоцна го потврдија, а заедницата на родители на деца со аутизам честопати ги критикуваше зошто ги криеле овие информации.

Двојката заедно го надминаа овој многу тежок период, а пред три години даде и заедничко интервју во кое коментираа како нивната љубов преживеала сите овие години.

- Двајцата се грижиме еден за друг и се заштитуваме, ја „ажурираме“ нашата врска- изјави Траволта за „Closer Weekly“.

- Продолжете да внимавате, продолжете да растете и да се менувате. Продолжете да ги правите работите сами, само вие двајца - ги советуваше актерката читателите на овој магазин.

Кели, патем, со години се соочуваше со непријатни коментари дека Траволта неколку пати ја изневерувал со масери, како и дека е хомосексуалец кој ја користеше како „маска“. Голем број млади момчиња го обвинија за сексуално вознемирување, па дури и некои познати личности зборуваа за тоа како да е јавна тајна. Познатата Кери Фишер еднаш изјави дека „сите знаат дека Џон Траволта е геј“.

Во септември минатата година, Траволта и Кели Престон ја прославија својата 28-годишнина од бракот, а двајцата си испратија еден на друг симпатични честитки на Инстаграм. Пораката на Кели гласеше:

„ На мојот најмил Џони, најдобриот човек што го познавам. Ми ја даде надежта која ја изгубив, ме сакаше стрпливо и безусловно ... Ме натера да се смеам појако од кое било човечко суштество ... Ги споделивме најубавите подеми и падови. Ти си татко од соништата и ми го правиш животот толку многу забавен. Знам дека со тебе секогаш ќе бидам во ред, без оглед што ќе се случи. Ќе те сакам засекогаш и целосно.“

Американските медиуми утрово објавија дека, по две години лекување во тајност,  почина актерката Кели Престон од рак на дојка, а оваа трагична вест ја потврди и нејзиниот животен придружник и мажот на нејзиниот живот.

- Со тешко срце, ве известувам дека мојата убава сопруга ја изгуби двегодишната битка со ракот на дојка. Таа се бореше храбро со нашата љубов и поддршка. Семејството засекогаш ќе биде благодарно на нејзините прекрасни лекари, како и на пријателите кои беа со неа. Засекогаш ќе го паметиме животот на Кели полн со љубов - напиша Траволта.

И нејзината ќерка Ела се прости од мајка си со емотивна објава на Инстаграм:

„ Никогаш не сум сретнала некој толку храбар, силен, убав и сакан како тебе. Секој што беше среќен да те познава или некогаш да биде во твое присуство, ќе се согласи дека имаш сјај и светло што никогаш не престанува да блеска и правеше секој околу тебе да се чувствува веднаш среќен. Ти благодарам што беше тука за мене, без разлика на било што. Ти благодарам за љубовта. Ти благодарам за помошта и ти благодарам што го направи овој свет подобро место за живеење. Ти ми го направи животот толку убав и знам дека и понатаму ќе го правиш таков секогаш. Те сакам многу мама.“
Фото: Profimedia