Бидете дел од најголемиот онлајн бизнис семинар во светот – “Lyconet Online Sensation” 24, Април 2021
Lyconet(Лајконет) е меѓународна компанија која им нуди бизнис можности на сите со претприемачки дух, поготово на оние кои се заинтересирани да работат онлајн бизнис од дома. Изградбата на сопствена меѓународна онлајн мрежа на маркетери и потрошувачи преку оваа платформа е многу иновативна и доходовна. Независните маркетери на Lyconet (Лајконет) имаат одлична можност не само да учествуваат во LyconetMarketing програмата, туку и да маркетираат за најголемата бенефит програма во светот – myWorld (мајВорлд), и од тоа да заработуваат. Секој активен маркетер заработува од прометот на регистрираните купувачи, или од продажбата на пакетите за лојалност кон фирмите.
Како лидер во областа на маркетингот, Lyconet (Лајконет) обезбедува широк спектар на стручна обука, онлајн услуги и алатки, со цел да им понуди на своите маркетери (IndependentLyconetMarketers) најдобра можна поддршка во нивните деловни активности. Секој граѓанин може бесплатно да постане маркетер со прифаќање на онлајн условите и притоа да добие онлајн едукација за водење на бизнисот.
Традиционално, секоја година Лајконет (Lyconet) организира ексклузивни елитни бизнис семинари од огромни размери, со цел маркетерите да ги слушнат најдобрите совети од најпрестижните светски познати мотивациски говорници.
Пред нас е 2-риот по ред LyconetOnlineSensation за оваа година, кој ќе се одржи на 24-ти Април во 17:00 pm (CEST). Овој ексклузивен онлајн настан брои 200,000 посетители од 55 земји и има единствена задача да Ви помогне во засилување на Вашиот бизнис, да ги претстави новитетите и да Ви ги даде правите информации во право време. Настанот се емитува на 27 јазици (вклучувајќи и знаковен јазик).
Главни говорници на ова издание на настанот се Ерик Вори (EricWorre), кој е водечки авторитет во обучување на маркетинг професионалци во светот, Марио Капун - CEOLyconetInternational, Хуберт Фрајдл - основачот на Лајконет (Lyconet) и неколку други специјални гости, меѓу кој и Радован Витошевиќ - Регионален Директор на myWorld за Јужен Балкан.
„Ми претставува огромно задоволство што сум поканет на овој престижен настан како говорник и претставник од балканскиот регион. Организацијата и продукцијата на LyconetOnlineSensation секогаш е на највисоко ниво, сепак настанот брои гледаност од неколку стотици илјади гледачи, и е од огромно значење за развојот на балканскиот регион. Едвај чекам да ја делам бината со светските легенди” – изјави Радован Витошевиќ.
Благодарение на Lyconet, илјадници луѓе веќе успеаа да изградат неверојатен приход преку онлајн маркетингот и да си ги остварат своите соништа. Регистрирајте се на следниот линк и придружете му се на тимот на успешните. За повеќе информации посетите ја официјалната веб страна - https://www.lyconet.com/
ПР објава