Повторна реинкарнација на шапките: Модели кои ќе бидат „ин“ оваа пролет

Добивај вести на Viber

Шеширот е стилски додаток кој не е наменет баш за сите...

Тој е нешто посебно, без разлика за кој настан го одбравте. Ако не сте навикнати да носите шешир, мора да признаете дека и не е баш најудобен детаљ кој можете да го замислите на својата глава, но дефинитивно со него ќе изгледате навистина префинето.


Ако сакате да носите шешири или едноставно сте инспирирани оваа пролет да се впуштите во таа авантура, ви донесуваме мали насоки за тоа кој облик и боја да ги комбинирате со вашата пролетна облека.


Моментално многу видови шешири се актуелни, што ви овозможува да бидете креативни и да создадете допадлив стајлинг. Од сламени, до каубојски, кои изгледаат толку шик и елегантно, во исто време. Меѓу сите нив се издвојуваат помалите шешири со широк раб. Оние кои оваа сезона треба да ги заобиколите се „oversized“ ако сакате да бидете во тренд.


Инспирирајте се од галеријата:


Фото: Pintrest

Прочитајте и :

Пролет во нежни нијанси: Шест бои кои ќе владеат (ФОТО)

Моќен изглед и на дожд: Супер идеи за комбинирање на кабаница (ФОТО)