БИДЕТЕ ВИТКИ КАКО ЏЕНИФЕР АНИСТОН: Диетата на славната актерка

Добивај вести на Viber

Не е тајна дека холивудската актерка Џенифер Анистон се храни здраво. Ја сака италијанската кујна, особено онаа која самата ја приготвува, а во едно интервју откри дека слабост ѝ е пилешкото месо пропржено без масло.

- Кога пречекувам гости, обично подготвувам лазањи со зеленчук. Наместо тесто за лазањи, користам домати, а помеѓу ставам тиквици и сирење. Во мојот фрижидер најчесто има суров зеленчук, тврдо готвени јајца, салата и многу извори на протеини како пилешкото - откри славната холивудска актерка.


Нагласува дека не дозволува нејзините здрави прехрамбени навики да излезат од контрола. 

- Мојата филозофија е да јадам здраво огранско овошје и зеленчук. Не сакам јаглехидрати и се обидувам да го исфрлам белиот скроб од исхраната. Не јадам леб со оброците - вели Анистон.


Таа пред некое време призна дека била на грејпфрут диета и дека овој режим на исхрана доста влијаел врз нејзиното расположение. 

Анистон во едно интервју откри и како го негува своето лице. Актерката секој ден комбинира хидратантна крема со фактор 15 со заштитна крема за сончање со фактор 30, која ја користи секој ден пред да излезе од дома.