Бијонсе од детството боледува од неизлечива болест: Сега прв пат прозборе јавно за здравствениот проблем

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Бијонсе ја воодушеви публиката со најавата за нејзиниот нов албум на Супер Боул, по што проговори за приватниот живот и болеста од која боледува уште од детството. Бидејќи јавноста до сега не беше информирана за тоа, Бијонсе повторно се најде во тотален фокус.

Имено, зборувајќи за својата коса за време на едно интервју, Бијонсе откри дека од мала се бори со псоријазата.

View this post on Instagram

A post shared by Beyoncé (@beyonce)



„Го поминав детството во салонот на мајка ми. Татко ми мачкаше со масла на мојот скалп за да ми ја лекува псоријазата. И денес добро се сеќавам на се, тие спомени ми се свети“, објаснила таа за „Есенс“, а тоа за прв пат ѝ беше истакнато дека ја има оваа автоимуна кожна болест која е сосема непредвидлива, со текот на времето поминува, се враќа, но никогаш не заздравува целосно.

„Разговорите што се одржуваат во фризерски салони или берберници им даваат чувство на заедништво на оние кои одат таму и речиси бегаат од нивното секојдневие. За нив тоа е место каде што се смеат, споделуваат тајни едни со други, се чувствуваат убаво, им даваат мудрост. Важно е да се има такво нешто“, додаде Бијонсе, која неодамна лансираше сопствена линија на производи за нега на коса.

Сепак, таа не е единствената славна личност која отворено проговори за својата борба со оваа хронична болест. Ким Кардашијан, Кара Делевињ и Синди Лаупер се само дел од познатите личности кои признаа дека имаат проблеми со симптомите на псоријаза.


ФОТО: Инстаграм принтскрин