Бил со две ескорт дами на денот на неговата смрт!? Двете имаат по 25 години, останале во хотелот бидејќи пејачот не им платил, на полицијата и кажале сѐ
Бил со две ескорт дами на денот на неговата смрт!? Двете имаат по 25 години, останале во хотелот бидејќи пејачот не им платил, на полицијата и кажале сѐ
Лијам Пејн, наводно, бил во хотел со две ескорт дами на денот кога починал
Полицијата што ја истражува смртта на Лијам Пејн интервјуираше тројца вработени во хотелот „Каса Сур“ во Буенос Аирес и две ескорт дами кои биле со него пред да умре.
Ескорт дамите, кои имаат по 25 години, изјавиле дека Лиам Пејн ја резервирал нивната услуга преку онлајн сервис. Тие пристигнале во хотелот во средата во 11:30 часот, а го напуштиле во 16 часот по локално време, пишува „Дејли мејл“.
Рекоа дека не користел дрога додека бил со нив и дека изгледал нормално. Пиеле алкохол. Тие сведочеа во средата навечер, само неколку часа по смртта на Лиам.
Извор од полицијата изјавил дека и двете соработувале и дека ги дале своите мобилни телефони за да помогнат во истрагата. Имале намера да го напуштат хотелот порано, но дека останале таму бидејќи не им платил.
Извор за американските медиуми изјавил дека девојката на Лиам била целосно уништена откако ја известиле дека бил со ескорт дами. „Таа штотуку слушна за проститутките. Немаше поим за тоа. Треба време да го обработи тоа“, рече изворот и додаде дека ова е големо предавство.