Живееле блиску со години, а не знаеле дека се брат и сестра: Мајка им ги дала на посвојување, имале пеколно детство, а потоа...
Во документите дознала
дека има помлад брат и дека нејзината мајка била тинејџерка кога ги родила
неа и нејзиниот брат
Популарното шоу „Long Lost Family“ (Долго загубено семејство) на ITV спои уште едно семејство. Никој нема да остане рамнодушен на приказната за Теган Корниш од Западен Лондон, која после шест децении конечно успеа да го пронајде својот брат. Како 14-месечно бебе, Теган била посвоена од двојка во 1950-тите, но таа никогаш не чувствувала чувство на припадност кон семејството и често се чувствувала сама. Таа претрпела тортура од рацете на нејзината посвоителка, која постојано и се заканувала дека ќе ја врати во сиропиталиштето доколку не се однесува добро. Растејќи во таква средина, Теган се чувствувала изолирана и осамена.
- Често бев тажна и осамена и поголемиот дел од времето го поминував во мојата соба читајќи. Сакав да бидам опкружена со браќа и сестри како другите деца - изјави таа.
Не сакајќи да остане на тоа и знаејќи дека е посвоена, многу подоцна во животот, Теган сакала да го најде своето биолошко семејство, па почнала да истражува. Во документите дознала дека има помал брат и дека мајка ѝ била тинејџерка кога ги родила неа и нејзиниот брат.
Woman discovers long lost brother brother lives just 10 miles away after decades apart https://t.co/nayOYyhNCX
— Metro (@MetroUK) July 8, 2024
Дознала дека и тој бил посвоен од истото семејство, но бил вратен во згрижувачко семејство додека бил уште бебе, поради што таа не се сеќава на него. Ова ја мотивирало уште повеќе детално да го истражи нејзиното потекло. По долго пребарување, тимот го пронашол Кенет кој имал слично детство како неговата сестра.
По цели 60 години, Теган и нејзиниот брат конечно се споиле, а Кенет живеел на само 16 километри оддалеченост од неговата сестра, поради што им требало повеќе од една година да го најдат. Главната причина поради која Кенет е доцна пронајден е тоа што неговото име не е невообичаено.
- Плачев четири часа, морав двапати да го прочитам писмото. Срцето ми го крши тоа што знаев дека сме биле заедно некое време, а потоа не‘ разделиле – рекол тој.
Водителката на шоуто Давина МекКел сподели емотивно писмо од брат до сестра кој изразил желба да ја запознае. Нивната средба во еден лондонски паб била исполнета со емоции, а новооткриеното дуо наздравило за иднината. Подоцна по нивната прва средба почнале да се среќаваат и запознаваат и со нивните пошироки семејства, пишува Дејли Мејл.
Оваа трогателна приказна за повторното обединување на братот и сестрата по шест децении, дополнително ја нагласува важноста на семејните врски и силата на човечката желба за припадност.
Фото: Фејсбук/„X“