Биле лудо вљубени, а потоа го оставила поради поголемо задоволство: Тој беше првата љубов на кралицата Камила, се ожени на 42 години

Добивај вести на Viber

Камила неодамна го прослави својот 77 роденден, а додека нејзиниот сопруг се бори со ракот, таа го поминува најтешкиот период во животот

Кралицата Камила долго време беше позната како една од најомразените жени во Велика Британија, а сето тоа поради аферата со тогашниот принц Чарлс.

Неговата сопруга, принцезата Дијана, беше омилена на луѓето, а нивниот љубовен триаголник беше еден од најпознатите во 20 век.

Чарлс и Камила се венчаа во април 2005 година, а пред тоа таа беше во брак со Ендрју Паркер Боулс. Сепак, малку се знае за нејзините партнери од тинејџерските денови.

Имено, првата љубов на Камила бил Кевин Берк, кој почина минатата година на 77-годишна возраст, пишува Дејли Мејл.

Тие наводно се запознале на нејзината забава кога Камила имала само 17, а тој 19 години.

Веднаш меѓу нив се создала голема страст, а Камила обожавала да вози во неговиот жолт „јагуар“.

- Секоја вечер пиевме по два-три коктели каде што одевме и игравме, а за време на викендот имавме избор помеѓу неколку забави во селото. Прекрасно си поминавме и го имав најдобриот и најзабавниот партнер што можеше да го побараш. Камила беше многу популарна и иако не беше убавица, беше привлечна и секси – и рекол за Камила на авторката, Џесика Џејн.

Сепак, на нивната љубов набрзо и дошол крајот и Камила го оставила со скршено срце.


- Останав со Камила цела година. Претпоставувам дека бевме заљубени и тогаш таа ме остави. Зошто? Па, краткиот одговор е дека таа би уживала во Лондон – откри тој, навестувајќи дека во се‘ е вклучена трета личност.

Камила подоцна се омажила за Ендрју Паркер Боулс, додека Кевин Бурк станал овластен сметководител и се оженил на 42 години.

Потсетуваме, Камила неодамна го прослави својот 77 роденден, а додека нејзиниот сопруг се бори со ракот, таа го поминува најтешкиот период во животот.


Фото: Фејсбук/ Youtube - screenshoot