Бислимоски: Дневната евтина струја се враќа од 1-ви декември - Цената се намалува, но не за сите потрошувачи
Дневната евтина тарифа на електрична енеригја се враќа дури од 1 декември, а во меѓувреме од следниот месец ќе има промени во цените по кои домаќинствата ќе ја плаќаат енергија. Едни, како што објави Фактор ќе плаќаа по уште пониски цени, други, по повисоки.
Поточно, цената за потрошувачите од прва и втора категорија се намалува, додека за оние од трета и четврта се зголемува, објави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика
-Изиминативе две години, Македонија се соочи со голема енергетска криза, која беше пред се ценовна. На неа се надоврза и конфликотот во Укрина што ја доусложни ситуацијата. И покрај проблемите, грејната сезона започна навреме, за разлика од земји во соседството. За 18 месеци се изградени и приклучени на мрежата нови обновливи извори на енергији, за што во првите пет месеци од годинава имаме увоз на електрична енергија од 12 проценти, што најмал откако увезуваме енергија - посочи претседателот на РКЕ.
Тој истакна дека енергетската криза е новото нормално, поради што нагласи дека „не гледаме дека ќе има промени на цените, кои сега се движат околу 150 евра за мегаватчас“.
Детали на Фактор.мк