Битолчанка со велосипед ја помина цела Европа
Битолчанката Мартина Николовска ја помина речиси цела Европа со велосипед. Во друштво на Мите Ташев од Кавадарци, таа беше претставник на Македонската експедиција на овогодинешната велосипедска тура „Виа Централа“.
Патувањето на Мартина почна од Белград
Мартина и Мите, својата авантура ја започнаа во Белград, Србија. Земјите кои ги поминаа со велоспиед се: Унгарија, Чешка, Словачка, Австрија..., а крајната цел на патувањето беше Хамбург, Германија.
Мартина на својот инстаграм профил гордо објави дека за само 11 дена, таа и нејзиниот пријател поминале 1924 километри за само 11 дена, возејќи просечно по 190 километри во еден ден. По Белград, Мартина објави фотографии од патувањето низ Сомбор, Будимпешта, Братислава, Виена, Прага, Дрезден, Магдебург и на крајот Хамбург.
Хамбург, Германија како крајна цел
Велосипедизмот е голема страст на Мартина која за време викендите често знае да стаса до охридското езеро или до најблиските грчки градови.