Битолчанката Ана Котевска го развиори македонското знаме на Мон Блан: Нов успех за планинарката

Добивај вести на Viber

Битолчанката Ана Котевска се искачи на највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан на Алпите, на 4.810 метри.

Ана на врвот го развиори македонското знаме, но и знаме на кое е испишано „Копанки“.

Стартот за Ана и еспедицијата бил од зимското и летно туристичко место Бреј – Сервинија во Италија. Од таму го започнале искачувањето кон Мон Блан.

Но тоа не било единствениот предизвик за битолчанката. Ана успеа да се искачи на западен и централен Брејторн, тоа е планински венец на Пенинските Алпи со својот највисок врв со исто име, кој се наоѓа на границата помеѓу Швајцарија и Италија.

Ана е планинарка која со свои 29 години покрај врвовите на планините во нашата земја, досега има освоено четири врвови на еквадорските Анди, се искачи на најоддалечената точка од центарот на Земјата, а го освои и врвот Ухуру на Килиманџаро.

Битолското чупе, пиењето кафе на Широк сокак го замени со утринско кафе на Пелистер и изгрејсонце над Баба Планина. Поглед кој не би го менувала со никој досега поглед од освоен врв.

Фото: Инстаграм
Г.Д.Г

Освоив четири врвови на Андите, еден во Африка, но Пелистер не би го менувала за ништо на светот: Убајни ми е на душата – Ана Котевска за планинските успеси