Битолчанката Ирена која го освои најпосакуваниот ерген во австралиско реално шоу е бремена: После тешка борба, пристигнува нивното виножито (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Филмски - битолчанката Ирена ја пронајде љубовта и го освои најпосакуваниот ерген во австралиско шоу во 2020 година

Австралиското реално шоу „The Bachelor“, воедно и едно од најпопуларните шоуа таму, на битолчанката Ирена ѝ донесе победа и љубов за цел живот.

Дека нивната љубов е вистинска, Ирена и Локи докажуваат со тоа што веќе три години се заедно во добро и лошо. 

Овој пат ја објавија и најсреќната вест- односно дека во 2024-та година ќе станат родители.

- 2023 година беше година на изненадувања, а сега Локи и јас сме воодушевени што го споделуваме најголемото изненадување во нашите животи - очекувајќи нов член во нашето семејство.

Додека се радуваме на нашата среќа, ние длабоко сочувствуваме со оние кои се соочуваат со испити за неплодност или претрпеле загуба. Откако самите се движевме низ тобоганот на емоции, ги подаваме рацете и срцата на оние на сличен пат. Среде животните бури, посакуваме да го најдете вашето виножито наскоро. Нашето пристигнува на почетокот на 2024 година - напиша таа на заедничкото видео, каде за прв пат го покажува трудничкото стомаче.

Во март годинава Ирена и Локи направија свадба од бајките, а потоа заминаа на меден месец на Фиџи.