Бизнис со вошки: Се заработува одлично, еве како се успева

Добивај вести на Viber

Ова е салон, но не онаков салон каков што замислувате. Овде ќе ве пречекаат љубезно и со насмевка за да ве спасат од - вошки.

А во салонот атмосферата е речиси иста како на фризер, пријатна нежна музика, мијалник за миење коса, чешли... и две насмеани девојки - белграѓанки Александра Продановиќ и Далиборка Јакшиќ, специјалистки за вадење вошки и гниди од косата. 

Но, од каде идејата за ваков салон?

- Дипломирав новинарство на ФПН и сакав да се занимавам со тоа. Се обидов да останам во академската заедница, зад мене имам различни работни искуства, но животот е чудо, те носи таму каде што не си замислил. И еве јас сум сега во салонот и им помагам на децата и нивните родители да се ослободат од нападите на вошките - низ насмевка вели Александра Продановиќ.

Таа наведува дека без оглед на досегашните работни искуства, нејзината најголема желба била да води сопствен бизнис.

- Сакав да се обидам во претприемништвото, иако ми изгледаше ризично кога размислував за тоа. Но, еве ме денес со другарка ми Далиборка овде, во нашиот салон  и воопшто не жалам, задоволна сум - вели Александра и додава дека од оваа работа може пристојно да се живее.

Далиборка додава дека вакви салони има во Србија, но не многу.

- Порано работев во сличен салон, така што нашата идеја не е автентична. Јас и Александра едноставно седнавме еден ден и решивме дека сакаме да го направиме токму тоа. Го истражувавме пазарот, откривме дека нема многу салони кои нудат такви услуги и почнавме. Ситуацијата во светот е сосема поинаква. Ги има неколку, тоа е цела индустрија - објаснува Далиборка Јакшиќ како таа и Александра започнале сопствен бизнис.

Како што наведуваат, за започнување мал бизнис во Србија потребна е храброст, проследена со решителност и взаемна поддршка. Исто така, не биле потребни многу пари, па затоа, велат, дополнително се охрабриле.

- Ризикот постои како и во секој друг бизнис, стравот од неуспех е реален. Но, со помош на пријателите, маркетингот преку социјалните мрежи, бизнисот тргна по една година - вели Александра.

Повеќе прочитајте на Фактор.
Фото: Freepik.com