Благодарение на ова мени Амал Клуни има совршена линија: Појадокот, ручекот и вечерата на згодната адвокатка ќе ве изненадат

Убавата сопруга на Џорџ Клуни има тело на кое би ѝ позавиделе многу помлади жени

Убавата адвокатка и сопруга на познатиот актер Џорџ Клуни, Амал Клуни со години е модна инспирација за жените ширум светот.

Покрај тоа што има исклучителен моден вкус, Амал Клуни ги воодушевува жените ширум светот со својата идеална линија, поради која секое парче облека одлично ѝ стои.

Многумина можат да и позавидат на успехот што го постигнала, бидејќи освен што е убава и згодна, изградила и успешна кариера, мајка е на две деца, сопруга, а во исто време изгледа како божица од Олимп.

Сепак, таков изглед не и дошол преку ноќ. Убавата Амал со години следи гастрономски ритуал кој се состои од неколку оброци дневно.

Најважен за неа е појадокот. И покрај тоа што многумина мислат дека, како на фотографиите на познатите дами, денот го започнуваат, да речеме, со цеден портокал, тоа не е случај со Амал.

Нејзиниот појадок е резервиран само за здрава храна, која обезбедува доволно енергија. На пример, супа од алги со тврдо варени јајца. Супата, особено од алги, можеби не е конвенционален појадок, но на Амал очигледно ѝ помага, бидејќи најчесто се наоѓа на нејзината утринска трпеза.

За време на ручек, таа исто така се обидува да ја јаде само најдобрата и највкусната храна. Таа еднаш изјави за Vogue дека не само што сака да јаде, туку е и мајстор за шпагети со мини мисиркини ќофтиња и пилешки гради во сос од лимон. Салатата мора да е витаминска бомба, а најчесто е микс од свеж сезонски зеленчук.

И конечно, доаѓаме до вечерата. Италијанските специјалитети често се на менито кај неа попладне. Џорџ еднаш се пофалил дека неговата сопруга може да работи како пица мајстор во најдобрите тратории.

Омилена им е „маргаритата“ со додаток на рукола, а во својот репертоар вклучуваат и нешто од кујната на Либан, земјата од која потекнува Амал, како и индиски и јапонски јадења.

-Таа сама прави сос од њоки и песто со врвен квалитет, ќе си ги излижеш прстите! – открива познатиот актер.

Ако сакаат нешто друго за грицкање, тоа нема да бидат смоки, чипсови и слични нездрави работи. Семејството Клуни често ужива, верувале или не, во пуканки заедно со омилениот филм или друштвена игра.

Бидејќи јавноста често ја прашува како ја одржува витката линија засекогаш, Амал откри и дека е важно да внесува многу течности и дека треба да внесува најмалку 2 литри чиста вода секој ден.

Освен тоа, во топлите летни денови може да се размислува за овошен коктел, а навечер с сопругот и пријателите често се почестуваат со вистински коктели, чии главни состојки се текила, лимета, агаве и брусница.