Благородно е да се биде опкружен со деца: Утринско кафе со Христина Стефановска

Благородно е да се биде опкружен со деца: Утринско кафе со Христина Стефановска

Утрото го сакам за себе. Станувам половина час пред моите деца и го користам мојот балкон за утринска водишка и кафе. Тука најчесто ги правам вежбите со дишење кои се мој животен тренинг.

Ме мотивира моето семејство, но и мојата работа. Благородно е да се биде опкружен со деца и дома и во мојот психолошки кабинет. Морам да признаам и дека откако излезе мојата прва едиција интерактивни психолошки прирачници за деца кои се наменети за справување со емоциите и стекнување на емоционална писменост ме мотивира и секој меил и фотографија од некое дете во дружба со моите книги. Поради тоа веќе работам на нови книги и приказни кои ќе ја збогатат детската психолошка литература во Македонија.

Бидејќи сум мајка на две предучилишни деца најнапред се обидувам да го организирам времето со нив и со мојот сопруг, а потоа го планирам распоредот за сесии со деца и адолесценти, родителски советувања, гостувања, проекти итн. Работам пред се‘ динамично како што налагаат и условите на мојата професија, организирам работилници, се вклучувам во најголем број од настаните поврзани со мојата работа. Што значи за да се биде квалитетен во оваа професија потребно е да се следат сите настани, панел дискусии, семинари, обуки кои секако ги прилагодувам во работно време со цел да не одземам од времето поминато со моето семејство.

За време од карантинот моите деца одморија од градинка, а мене ми се зголеми бројот на спроведени онлајн советувања и сите ја видовме придобивката од нив. За време на карантинот ја довршував и мојата едиција која скоро излезе во печат благодарение на Либи и Арс Ламина со што можам да кажам дека ако Александар Пушкин ги создал своите најдобри дела за време на пандемијата со колера тогаш можам и јас. Пандемијата не влијаеше многу врз динамиката на мојот живот бидејќи се обидував цело време да бидам во добра ментална благосостојба и ми успеа сето тоа.

Завршувањето на денот ми почува кога ќе завршам со работното време. Го користам моментот да пешачам од работа до дома што е мала километража, но пешачењето после работа ме припрема за вечерен мир. Потоа се собираме целото семејство си споделуваме пријатни или непријатни искуства кои ни се случиле во текот денот од кои децата многу учат и го користиме вечерното време за гушкање, скокоткање, скокање на кревет. Пред спиење најпрво им читам приказна за добра ноќ на децата, а потоа оставам простор за домашните обврски, но и за себе.


Книга, дефинитивно и тоа најчесто стручна литература бидејќи веројатно тоа е проекција на животот што го живеам но и вљубеноста во мојата професија психолог.


(*Христина Стефановска - психолог и автор на литература за деца*)