Блек Чајна покажа како изгледа откако ѝ се извадени филерите и силиконите: Луѓето се фрапирани од извештачениот изглед (ВИДЕО)
Препознатливa е по повеќе од извештачениот изглед. А сега покажа како изгледа без филери и силикони. Анџела Вајт, попозната како Блек Чајна, повеќе нема филери на лицето, а направи операција за намалување на градите и задникот во кој стави силиконски импланти.
Таа ја откри трансформацијата минатиот викенд додека го промовираше луксузниот бренд за нега на кожа Hearts Pure. Блек Чајна, која има ќерка Дрим со братот на Ким Кардашијан, Роб Кардашијан, реши да се врти кон природното.
Блек Чајна ја започна својата трансформација во март кога и беа отстранети филери од вилицата и образите. Таа на Инстаграм ги покажа фазите од тој процес. Потоа следеше операција за отстранување на силиконот од задникот и операција на градите.
„Само сакам сите дами да знаат, не ви требаат силиконски инјекции затоа што може да се разболите, може да умрете, може да имате компликации и сите овие други „луди“ работи“, рече таа претходно и се пожали дека нејзиното лице изгледа страшно поради филерите, па им порача на сите да не го прават истото или сличното како неа.
Скрулајте десно за да го погледнете видеото
Таа истакна дека е уморна од тоа што си го направила себеси: „Тоа целосно ми го промени лицето и подготвена сум да се вратам на Анџела“.
Блек Чајна го доби својот докторат по либерални уметности од Теолошката семинарија во Сакраменто и Библискиот колеџ во јануари.
FOTO: Printscreen Istagram Youtube