Блиска е со Кејт Мидлтон, но која е дамата од кралското семејство која ја учи Меган Маркл на правилата?

Добивај вести на Viber

Меган Маркл за два месеци ќе стане членка на британското кралско семејство, а во краток период морала да се откаже од својата досегашна кариера и начин на живот. 

Низ процесот на прифаќање бројни строги правила на монархијата наводно ја води војвотката Камила Паркер (70). Сопругата на принцот Чарлс (69) доста време поминува со поранешната актерка, па и дава совети за тоа како да се носи со новиот начин на живот.


Извори велат дека Меган често оди на ручек во Кларенс Хаус кај Камила и дека и се восхитува бидејќи го издржала притисокот на јавноста кога се дознало дека е во врска со Чарлс.


Камила истото го направила и за Кејт Мидлтон (35) кога се мажела за принцот Вилијам (35) со кој Меган е во добри односи, но со Камила се поврза повеќе во првите неколку месеци.