Животна училница // Приказни
Близначките Анамарија и Меланија од Струмица ја донираа косата за перика за болни деца од рак: „Оваа болест да ичезне за секое дете да биде среќно“
Близначките Анамарија и Меланија од Струмица ги скратија нивните долги кои кои ги чувале , со цел нивната коса да ја подарат за дечињата болни од рак.
Едната свири на виолина, додека другата на клавир, но двете имаат една искрена желба, оваа болест да исчезне за секое дете да биде среќно.
Со нивниот гест не само што направиле добро дело, туку се и пример дека емпатијата е многу важна, грижата еден за друг сто така.
Нивната мајка за Женски магазин изјави: „Моите девојки ги негуваа и чуваа косите за да можат да ги донираат, но посакаа една силна желба искрена детска, оваа болест да ичезне за секое дете да е среќно“.
Помош во тоа добиле од фризерски салон во Струмица и фризерката Татјана Маџаров.
Фото: Приватна архиваРЖМ