Близнаците Тео и Тони останаа без леб, немаат ни патики за првиот ден на училиште
Близнаците Тео и Тони заедно со своите баба и дедо кои живеат во руинирана куќа во Долно Лисиче во Скопје се уште се без основни услови за живот. Побарале институциите да им дадат минимална помош, но од барањето реализација нема.
Вчера нивната баба преку луѓето кои им помагаат побара помош за децата. “Немаат патики за првиот ден на училиште, вчера немав ни леб да им купам”, кажала жената барајќи очајно помош за дечињата. Тие и се внуци кои откако родителите им се развеле ги оставиле кај бабата и дедото да се грижат за нив. Но и двајцата немаат основни услови за опстанок. Дедото иако инвалид не гледа на едното око е заминат во Словенија за да работи како градежен работник, но бидејќи пари пушта преку сметка до бабата на близнаците не стигнува денар. Сметката им е блокирана и сите пари им ги задржува банката поради огромни долгови за струја. Во меѓувреме на бабата болна и паднала и нејзината ќерка која од Штип е донесена во болница во Скопје, но нема услови ниту да ја посети.
Ова четиричлено семејство финансиски опстанува само доколку некој од соседите ги повика бабата и дедото на Тео и Тони да работат за дневница на нива или некоја друга земјоделска работа. Немаат струја од 2014 година. Најтешко им е зимно време кога бараат по отпади фрлени прозори врати или други дрва да се загреат.
Приказната за близнаците беше објавена во медиумите пред неколку месеци, но институциите не успеаа да ја решат судбината на овие две деца.
За сите оние кои сакаат да помогнат на децата им се потребни патики 38 број, а за подетални информации 077857906 е бројот на бабата на децата.
Извор: Досие.мк