„Бог да ѝ ги отвора патиштата на животот“: Прва молитва за Ана, ќерката на пејачот Дарко Илиевски

Добивај вести на Viber

Пејачот Дарко Илиевски на почетокот на април месец по втор пат стана татко на малата Ана Ирена. Тој објави фотографија со сопругата Ивана, синот Матео и ќерката.

„Прва молитва на Ана. Бог да ѝ ги отвора патиштата на животот“, напиша Дарко.


Познатиот пејач долги години е со адреса на живеење во САД. Дарко неодамна објави слатка фотографија со својата новородена ќерка, додека таа е во неговиот скут, а тој ѝ дава млеко.

- Првата вистинска љубов на ќерката е нејзниот татко - напиша тогаш Дарко.

Фото: Фејсбук