Бојан Маџовски, фитнес инструктор: Дома или на работа, направете ги овие вежби за болка во вратот и во грбот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Без оглед на причината за вашата болка - подгрбавени над вашиот паметен телефон, седење на биро цел ден, па дури и повреда - вежбите за истегнување и зајакнување може да придонесат за вашето подобро здравје.

Бојан Маџовски, фитнес инструктор е вашиот водич низ ова видео.

-Се надевам ќе помогнеме и  ќе придонесеме за подобрување на флексибилноста и јакоста како на вратната така и на грбната мускулатура. Сите вежби можат да се изработат и во седечка положба.За најдобри резултати, обидете се да ги вклучите овие истегнувања и вежби неколку пати неделно со 15 до 30 секунди заддршка помеѓу секоја вежба – посочува Маџовски

Маџовски одбра девет движења кои ќе ви помогнат да ги истегнете и зајакнете мускулите:вратот и рамената, горниот, средниот и долниот  дел на грбот.


С.А.Н