Болеста го зеде данокот, но не се откажува: Потребни сме му на готвачот Антонио Јанковски кој боледува од рак

Добивај вести на Viber

Македонскиот готвач Антонио Јанковски кој своевремено имаше кулинарско шоу на Канал 5 телевизија веќе неколку години боледува од рак. Информацијата дека е болен и нема покрив над главата, оставен сам на себе одекна во јавноста пред неколку години, кога тогаш шоуменот Боки 13 му понуди помош.

Антонио преку неговиот Фејсбук профил постојано повикува на апел дека му се потребни финансиски средства за негово лекување и информира во каква здравствена состојба се наоѓа.

На социјалната мрежа Фејсбук, Антонио објавува и фотографии на кои се гледна видна промена на неговиот лик и тело поради болеста, изгледа непрепознатливо.

„Анализите покажаа една неуспешност од досегашниот третман кој веќе трае предолго и сам по себе напорен и опширен со толку многу боцкања, таблектики серија, инфузии и куп шприцеви со медикаменти. Јас не знам како ќе ги обезбедам подобрите нешта и опции, со толку малку време кое можам да го употребам пред да доживеам комплетно атрофирање на дробот и тогаш да биде недостижно и многу поскапо од сега. Следат 3 месеци кои одат под здравствен фонд, чинат богатство да се среди штетата која секојдневно станува сè поголема независно што долго сум веќе овде и добивам терапија за се ова. Но знаеме дека терапијата под фонд е нискобуџетна и слаба недоволна за реална помош, а јас немам приход за повеќе ниту можам да работам. Па би замолил ако има добронамерници кои сакаат и можат да ми помогнат со финансии да соберам буџет барем за првиот месец, а се заедно чини 2000 евра. Ве молам за малку помош и подадена рака зошто јас сам на себе едноставно немам како до такви износи, а цели 3 месеци тоа се 6000 евра“, напиша Антонио на Фејсбук.


Како што информираше по објавата на неговата сметка веќе почнале да пристигнуваат донации, но недоволни за да го покрие лекувањето.

Број на сметка: 200004050431223

Фото: Фејсбук