Болните добиваат исцелување на своите маки: Го славиме Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград
Maкедонската православна црква на 15 јули го слави полагањето на превезот на Пресвета Богородица.
Древниот христијански празник Воведение на Пресвета Богородица е востановен во V век, по повод настанот поврзан со пренесувањето на Пресвета Богородица од Назарет во Константинопол.
Имено, како што се вели во Прологот, една побожна Еврејка од Назарет, веројатно христијанка, чувала реси, фустан или дел од облеката што и припаѓала на Пресвета Богородица, молејќи се до неа на Бога. Многумина кои дојдоа да се поклонат и да ја целиваат одеждата на Пресвета Богородица добија исцеление, па, кога слушнаа за тоа, двајца благочестиви Царигради ја однесоа облеката во Цариград.
Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.
Не заборавајте да го спомнете името на Пресвета Богородица пред да заспиете! Не заборавајте да ја прочитате познатата молитва „Богородице, радувај се, Милостива Марија, Господ е со Тебе! Блажена си Ти жено и благословен е плодот на Твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на нашите души!“