Бомба за секоја сезона и секој месец

Добивај вести на Viber

Сите си имаме омилена Bath Bomb а некои и повеќе од една. За секоја сезона издвоивме омилена Бомбастична купка за во када. Уживајте:

Јануари е месецот за промена, месецот за нови нешта и месецот од кога почнуваме нови експерименти. Затоа за месец јануари ја издвојуваме The Experimenter Bath Bomb. За сите авантуристи кои сакаат живи бои. Највозбудливата купка која некогаш настапила на сцена. Земете ја и експериментирајте.

Фебруари месецот на вљубените. Иако нас секој месец ни е љубовен. Но за овој месец ја издвојуваме Sex Bomb, вистинска секс бомба од купка. Оваа купка е мешавина од јасмин и иланг иланг, а одамна е познато дека јасминот го има најсензуалниот мирис! Опуштете се во добро друштво.

Март. За месецот на жената, месецот на мајката ѕверка, ја издвојуваме Madame President bath bomb. Полна со грјпфрут и разведрувачки масла, делува исто како мајчина прегратка, смирувачка, дава мир и спокој а го подига нашето расположение.

Април. Во април природата се буди. Повторно  оживува, дрвата ги будата своите раскошни крошни. Зелено, зелено, зелено. Guardian of the Forest bath bomb. Осети го мирисот на чемпрес и даб, замижи и ќе се најдеш во најдлабоката шума. Опушти се. Животот е убав.

Мај. Да, да во мај ни треба будење од лежерноста и тмурните денови.Avobath ќе ни помогне, со освежувачкото масло од лајм, а авокадото и маслиновото масло ќе ја врата хидратацијата на нашата кожа.

Јуни. Па летото е на повидок. Плановите почнуват да се кројат. Каде ли да одлетаме? Дозволете си возбудливо полетување со Rocket Science ракетата. Таа ќе ве одведе во возбудлива авантура на мириси и бои, а детето во вас ќе врисне.

Јули. Можеби треба да почекате за море или езето во кое ќе се рехабилитирате. Сепак рахабилитацијата е во вашиот дом соThe Big Blue шумливата купка за во када, полна со морска сол, морска трева и масло од лаванда за опуштање.

Август знае да биде многу топол и неподнослив. Затоа заминете во Галаксијата со Intergalactic и не грижете се за ништо. Таму ќе најдете спектар на бои, пеперминт за разладување и масло од лимон за разведрување.

Септември. Иако летото заврши, нека продолжи убавото расположение. Не ги симувајте росевите очила и зграпчете ја Think Pink Bath бомбата. Од овој светкав рај никогаш нема да искочите. Се е прекрасно!

Октомври. Месецот кога боите повторно почнуваат да се менуваат. Можеби сивилото почнува повторно да преовладува, но дали знаете дека во него се крие спектар на бои? Ако не сте знаеле, пробајте ја бомбата Metamorphosis. Не е се така сиво, туку е и портокалово, зелено, розево и жолто.

Ноември убавата есен пристигна и не ви преостанива ништо друго освен да се опуштите со приспивната купка со лаванда, Twillight. Кога навистина ви е потребно опуштање, нема да најдете ништо подобро од оваа купка.

Декември за овој месец, месецот на зимата и белото снегче ја издвоивме белата Sakura Bath Bomb. Нека мирисот на јапонски цреши преовладува и во зима во вашиот дом.

Која е вашата омилена купка оваа сезона?