Бомбакис ексклузивно за Женски магазин го откри полот на приновата која ја чекаат: Кога дознав не знаев што да направам

Добивај вести на Viber

Во семејството на Кристијан Станковски, познат во јавноста како Бомбакис ќе има принова.

На социјалните мрежи, каде што е активен најчесто, момчето со пораки на картони, сподели убави вести, дека ќе стане татко, а ексклузивно за нашиот портал, Бомбакис откри дека заедно со неговата сопруга Вики очекуваат девојче кое ќе го добие името Бисера.


„После сите глупости што ми се случија во животот редно време беше убави работи да се случат. Кога дознав прв пат не знаев што да направам, збунет и некоја чудна среќа и емоции неразбирливи. Секако позитивни… и се уште не сум свесен, но полека полека, се радувам на тоа што следи, и само за убаво да е на сите им посакувам вакво нешто!“, ни изјави Бомбакис.

View this post on Instagram

A post shared by Bombakis (@bombakis)




Минатиот месец, на 30 јуни Бомбакис и Вики направија свадбена веселба за паметење, а сега пред нив се отвара една нова улога во животот.