Борба против COVID-19 во Италија: Се ставаат во служба 10.000 студенти по медицина

Добивај вести на Viber

Рим, Италија ќе стави во служба 10.000 студенти по медицина, со што ќе ги одложи нивните завршни испити, во обид да помогне во борбата на здравствените институции да се справат со коронавирусот, од кој досега таму починаа 2.503 луѓе.

Бројот на загинати се искачи на 2.503 во текот на изминатите 24 часа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, додека вкупниот број потврдени случаи се зголеми на 31.506, најголем број надвор од Кина.

„Ломбардија е во точка на колапс. Сите кревети за интензивна нега и респиратори се користат “, рече Матео Салвини, шеф на партијата Лига, за „Reuters“.

Министерот, Гаетано Манфреди, рече дека владата ќе им дозволи на годинешните дипломирани студенти по медицина да започнат со работа осум или девет месеци пред предвиденото, со што ќе им се одложат вобичаените задолжителни испити.

Поддршка од околу 10.000 студенти по медицина, е фундаментално за справување со недостигот на лекари од кој страда Италија моментално, рече Манфреди во изјава, а матурантите ќе бидат испратени на работа во клиниките за општа пракса и во домовите на стари луѓе.

За повеќе од три недели, на 1.135 лица им беше потребна интензивна нега во Ломбардија, северниот регион, кој е најтешко погоден. Регионот има само 800 легла за интензивна нега, изјави Гјакомо Грасели, шеф на единицата за интензивна нега во болницата „Поликлинико“ во Милано.

Властите работат на поставување стотици легла за интензивна нега во специјално создаден објект во изложбениот центар „Фира Милано“, но сепак чекаат уште респиратори и квалификуван персонал.