Борба за идентитет: Теа Трајковска си ја отвори душата

„Која сум јас“, носечката нумера од деби-албумот на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска е конечно екранизирана и тоа во една приказна која дефинитивно ќе го привлече вниманието на публиката. Снимањето на спотот заврши пред неколку дена, а како режисер на истиот се јавува Бане Поповиќ.

- Мислам дека оваа песна е најискреното нешто што сум го сработила и најблиско до тоа која сум навистина. Затоа е албумот насловен по неа. Во видеото се обидовме да го оживееме омотот на албумот и со едноставна симболика да ја претставиме таа борба за идентитет после одредени случувања и состојби во животот на еден млад човек - вели Трајковска за ова музичко дело.

И на оваа песна музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, додека текстот е на Теа.