БОРДЕТЕЛА ПЕРТУСИС Е ЛЕТНА БАКТЕРИЈА, ПИКОТ СЕ СЛУЧУВА ВО ЛЕТО: Во Македонија имаме три епидемии
Случаите на голема кашлица, опасната заразна инфекција предизвикана од бактеријата бордетела пертусис се во пораст на глобално ниво, но бројот на случаи во 2024 година е сличен како пред пандемијата на КОВИД-19.
Според д-р Фелисија Скагс Хуанг, доцент по педијатрија во одделот за заразни болести и медицински директор за превенција и контрола на инфекции во Медицинскиот центар на детската болница во Синсинати, посочува дека постои зголемување на случаите на голема кашлица во циклус од секои три до пет години.
-Иако инфекцијата може да се појави во текот на годината, бидете особено внимателни во текот на летните и есенските месеци кога случаите на пертусис имаат тенденција да го достигнат својот врв. Нашата цел е бројот да се намалува и населението да остане здраво. Тоа значи зголемување на стапките на вакцинација, практикување универзални мерки на претпазливост и рано дијагностицирање и лекување. Повеќе на фактор.мк