Боривоје од кого Рита Ора го зеде српското знаме: „Не сум виновен за ништо“

Добивај вести на Viber

Момче од Унгарија по име Боривоје, кое на концерт ѝ го подари српското знаме на пејачката со албанско потекло Рита Ора, зборуваше за „Телеграф“ и ги искажа своите впечатоци, но откри и дека ја обожава Србија

Боривоје, како што објасни, е Унгарец, но бидејќи е од мешан брак, мајка му е Србинка, поради што го донел знамето на концертот.

- Роден сум во Унгарија, мајка ми е Србинка, отидов на фестивалот и секогаш го носам српското знаме со мене. Без проблем го донесов, таму многу ги сакаат Србите и не правеа никакви проблеми - откри Боривоје за „Телеграф“.

View this post on Instagram

A post shared by (@iam__gaga)


- Дојдов порано да седнам во првиот ред за да снимам видео за Инстаграм - знамето на Србија на концертот на Рита.


Како што открил, не ѝ го дал знамето, туку таа сама го зела и се покрила, што ѝ него го изненадило.

 - И таа ме изненади, помина и ми го зеде знамето од рака. Само сакав да направам видео за „Тикток“. Никој друг освен мене не беше со знамето на Србија.

На крајот истакна дека после тоа немал никакви проблеми и дека по концертот разговарал и со Албанец кој видел сѐ  и му рекол „дека е многу разочаран од Рита“.

- После тоа немав никаков проблем. Разговарав со Албанец по концертот и му кажав дека таа ми го зеде знамето од рака, а тој рече дека видел дека не сум јас виновен и дека е многу разочаран од неа - заклучува Боривоје за српскиот портал.


Извор: telegraf.rs