Борко Ристовски и Николина слават 6 години брак: Наскоро во семејството ќе им се придружи уште еден член
6 години полни со се. Љубов, непроспиени ноќи, радост. За уште многу да имаме заедно. Те сакам. Наздравје.- напиша ракометниот репрезентативец на Инстаграм, под фотографијата со која и честиташе шеста годишнина од брак на саканата Нина.
Нина и Борко се среќни родители на малиот Душан, а наскоро во семејството Ристовски ќе пристигне уште еден член, односно мала принцезичка. Николина која се пробива во светот на дизајнерството е во блажена состојба и наскоро ќе стане мајка по втор пат.
Нина во една прилика за Женски магазин раскажа како започнала нивната љубовна приказна.
- Чувствувам како да сме заедно целиот живот (се смее). Со Борко се запознавме преку заеднички пријатели и се тргна спонтано, сепак од самиот старт врската ни беше сериозна, некако се препознавме и се беше нормално и на свое место.