БОЖАНА / БОГДАНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Ова име има силна симболика, потекнува од корените и темелите на Бога, и затоа значењето е поврзано со: „денот на раѓањето на Исус Христос“, „Божиќ“, „денот на радоста“, „прославата“; „Ден на среќата“.

Токму од споменатата причина, ова женско име значи радост за раѓањето на Христос и обичај е гордо да го носат сите девојчиња родени на Божиќ.

Нашите баби веруваа, и тоа се пренесуваше од колено на колено, дека лицата со ова име се: свети, љубезни, безгрешни, испратени од Бога, наменети да прават само добро, лица кои шират радост на Бога и среќа.

Без разлика дали е родена на Божиќ или некој друг ден, ако го наречете детето Божана, Богдана, Божица нема да погрешите, но нејзините убави карактерни црти и доблести ќе ги ткаете уште од најрана возраст.