Божидар Божиновски: „Дно дна“

Добивај вести на Viber

Познатиот поет кој има армија на следачи на социјалните мрежи поради неговите пецкави статуси, објави интересен текст за роденденот на починатиот великан Ѓорѓе Балашевиќ. 

Статусот ви го пренесуваме во целост:

Пред 70 години, на денеше ден е роден Џоле. Подари многу љубов, знаеше стихот да го испее и да ти пренесе емоција како ти си го живеел, знаеше да хи сака луѓето и кога не беа времињата за сакање кога се цртаа граници со крв.

Неговата политичка борба против лудилото на 90-тите, против неправдите, неговите борби се многу потивко кажани од други кои изградија кариери само на активизам. А сепак неговиот шепот е погласен од многу извици и крици.

“Дно дна” е последна во низата ма такви песни, песна која беше забранета да се пушта на радијата низ Србија, а уште долго ќе е опис на случувањата и одредени луѓе на просториве.

Вечен нека му е споменот ...


Фото:bozidarbozinovski/facebook