БРАЧЕН ПАР ОД МАКЕДОНИЈА Е ЗАГЛАВЕН ВО ЗАГРОЗЕНИТЕ ПОДРАЧЈА НА ГАЗА: Не успеале да излезат пред затворањето на граничниот премин со Египет
Досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 очекувам утре, во текот на денот сите да бидат вратени во Македонија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Амбасадата во Каиро, нагласи Османи, е во комуникација со еден брачен пар што се наоѓа внатре во загрозените подрачја во Газа, што е изолиран од Израел, откако не успеале да излезат пред да се затвори единствениот граничен премин со Египет.
- Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа, изјави Османи.
Целата вест проследете ја на Фактор.