Брачна двојка ја посвои Натали мислејќи дека има 8 години, а потоа едвај се извлекоа од пеколот кој им го приреди: Вистина од која се леди крвта
Овој мај почна да
се емитува документарниот филм од три дела "The Curious Case of Natalia
Grace" кој се занимава со навистина
неверојатната но вистинита приказна за Наталија Грејс, сираче од Украина, која во 2010
година беше посвоена од пар од Индијана.
Во 2010 година, сопружниците Мајкл и Кристин Барнет биле убедени дека посвојуваат осумгодишно девојче, но набрзо почнаа да се сомневаат колку години всушност има нивната нова ќерка.
Овој сомнеж ги довел до шокантно сознание дека Наталија се претставувала како мало девојче, а дека всушност е возрасна жена со криминални намери која имала ретка здравствена состојба, која предизвикува џуџест раст и вечен изглед на дете.
Документарецот содржи ексклузивни интервјуа со Барнет и новата мајка која ја посвои Наталија, Синтија Манс, како и досега невидени фотографии и интервјуа со експерти.
Семејството Барнет тврдеше дека Наталија се обидела да им наштети на нив и на нивните биолошки деца. Тие ја обвинија и дека се обидела да ја убие Кристин ставајќи отров во кафето и влечејќи ја кон електричната ограда. Тие изјавиле и дека ставила иглички и клинци на скалите во куќата за да ги згазат членовите на семејството.
-Таа ќе застане над нас среде ноќ. Не можевме да заспиеме. Моравме да ги скриеме сите остри предмети. Ја видов како ми става хемикалија во кафето, а кога ја прашав што прави, таа ми одговори: „Јас се обидувам да те отрујам.“ Медиумите ме прикажуваат како насилник на деца, но тука нема дете, рече Кристин во еден момент.
Следната година, парот и нивните три сина се преселиле во Канада без неа, оставајќи ја сама во стан во Лафајет, Индијана. Брачниот пат Барнет, кои подоцна се разведе, беа обвинети за занемарување на детето.Сепак обвинителите не можеа да донесат пресуда за занемарување на детето поради фактот што судот го промени статусот на Наталија во возрасна.
-Сакав да бидам со Барнети. Сакав да живеам со нив, рече Наталија.
Мајкл беше прогласен за невин во 2022 година по три точки од обвинението за занемарување и заговор за извршување на занемарување на зависно лице. Во март годинава и обвиненијата против Кристина беа отфрлени.