Брат му умрел на неговите раце, израснал во секта, просел на улица, па стана ѕвезда: Трнливиот пат на генијалецот кој со еден збор го крена светот на нозе

Познатиот актер Хоакин Феникс изговори еден збор и со тоа започна гласини дека се оженил со својата колешка Руни Мара, со која е во врска со години. Познатиот пар се сврши, што и беше потврдено, а тие го очекуваат второто дете.

Хоакин Феникс ја нарече Руни Мара негова сопруга во подкастот „Talk Easy with Sam Fragoso“. 

Актерот зборуваше за тоа како дошло до неговиот говор за Оскарите во 2020 година, откривајќи дека дошол до тие зборови додека „разговарал со мајка си и неговата сопруга“. Подоцна јасно стави до знаење дека мислел на Мара кога ја спомнал сопругата. 

Тие се запознале во 2012 година додека работеле на филмот „Her“. Врската ја започнаа неколку години подоцна кога заедно го снимаа филмот „Марија Магдалена“. Тие се верија во 2019 година.

„Таа е единствената девојка која некогаш сум ја барал на гугл. Бевме само пријатели, пријатели кои разговараат преку е-пошта. Никогаш порано не сум направил такво нешто. Никогаш не сум гуглал девојка“, изјави во една прилика актерот. 

Една година по свршувачката, тие го добија синот Риверо, кој го доби името по братот на актерот, Риверо Феникс. А во февруари, Руни Мара откри дека е во блажена состојба.

Трагедиите што ги доживеа Хоакин Феникс

Во својот говор за Оскарите, за кој неодамна зборуваше, Хоакин ја истакна важноста на екологијата, за која страсно се бори, но и важноста на љубовта:

„Кога љубовта и сочувството се наши основни принципи, можеме да создадеме, развиеме и имплементираме систем на промени што е корисен за сите суштества и околината“.

Она што го расплака актерот е цитирањето на репликите кои неговиот постар брат Ривер Феникс, кој исто така бил актер, на 17-годишна возраст ги напишал: „Спасете се со љубов, а мирот ќе ве следи“. 

Ривер Феникс постигна забележителни филмски улоги на многу млада возраст, во филмовите „Stand by me“, „Running on empty“ и „My own private Idaho“, а потоа почина во 1993 година на 23-годишна возраст од предозирање со дрога. Починал во рацете на својот брат. 

Тоа беше вечер на силни емоции за Хоакин Феникс, но и за публиката. А Руни Мара не беше единствената која гопридружуваше Џокер на Оскарите. Неговиот триумф беше придружуван и од неговата мајка Арлин Феникс и сестрите Рејн и Самер Феникс, кои, како и тој, се актерки.

Покрај Рејн и Самер, актерот ги има и сестрите Џодина Ботом и Либерти Феникс, кои исто така ја избраа актерската професија. 

Хоакин Феникс сега е на врвот на светот, а не толку одамна просел на улица, живеел во секта каде што бил дозволен инцестот, се соочил со многу неволји во животот и бил посилен од сите. Тој го следел својот талент и љубовта кон глумата и остана толку едноставен и скромен човек


Фото: Youtube - screenshoot