,

Браво Ана: Во знак на двојна победа, оздравената принцеза заѕвони на ѕвончето на Клиниката за детски болести

Добивај вести на Viber

Позитивна вест на денот ни доаѓа од Униврзитетската Клиника за детски болести.

Како и секогаш, најголема радост и гордост е кога најмалите ќе се изборат храбро и ќе ги победат лошите болести.

Вчера една таква двојна победа извојува малата Ана.

„Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете, особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега отепа една Корона и една досадна малигна болест“, стои во описот на видеото од Ана - оздравената принцеза која заѕвони на ѕвончето на Клиниката за детски болести во знак на победа, а од Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа "Браво Ана - браво Ана"!

Епа, навистина браво Ана!