Браво кафе Премиум во нова амбалажа
Од овој месец, Браво кафе Премиум можете да го сретнете на полиците во вашите омилени маркети во нова подобрена амбалажа и со нови изненадувања за своите верни купувачи.
Браво кафе Премиум е единственото кафе на нашиот пазар кое што е достапно во зипер пакување кое што го штити кафето од влага и воздух и овозможува секогаш да биде свежо и вкусно како штотуку отворено пакување.
Со новата амбалажа продолжуваат и старите навики на Браво кафе да ги наградува купувачите со многу награди како телевизори, машини за перење, велосипеди, фрижидери, микробранови печки, а главните награди се секој ден по 15.000 денари.
Како и досега, учеството во наградната игра е доста едноставно со купување на 100, 200 или 500 грамско пакување на Браво кафе Премиум. Доколку во внатрешноста на пакувањето пронајдете три исти вредности за награда (пример: отпечатени три телевизори) вие сте добитник на отпечатената награда. Наградната игра е веќе започната и трае до крајот на годината.
За сите прашања и дополнителни информации посетете го официјалниот Facebook профил на Браво Кафе: https://www.facebook.com/BravoCaffe, а може да го заследите и Instagram профилот: https://www.instagram.com/bravocaffe