Бразил - земја на кафето, фудбалот и убавите жени

Добивај вести на Viber

Бразил е земја која постои во соништата на многумина од нас. Ајде да нурнеме во атмосферата на фестивалот Рио де Жанеиро и да одиме по плажите на Копакабана со следните редови.

Распослана во Јужна Америка, на атлантскиот брег е петта по големина земја во светот. Во 1960 година градот Бразилија е избран за главен град. Локалното население се нарекува "кариоки". Официјалниот јазик е португалски поради колонизацијата на Португалската империја од времето на Големото географско откритие до XIX век.

Бразилскиот устав им дава право на секој граѓанин слободно да ја практикува секоја религија. Католицизмот е најраспространет, а тоа го прави Бразил најголемата католичка земја во светот.

Тука фудбалот е религија а Бразилците се познати како најдобрите фудбалери во светот. Тие се рекордери на најмногу освоени титули во светот, по што следат Италија и Германија. Бразил е единствената земја чиј тим игра на 21 светски шампионат од 1930 до 2014 година.

Жолто-зелените му дадоа многу фудбалски ѕвезди на светот, а меѓу најпознатите се Роналдо, Гаринча, Ромарио, Ривалдо, Кака и други. Тука живее кралот на фудбалот - Пеле.


А да не зборуваме пак за бразилските жени ... Убавината на бразилските топ модели дури го раѓа терминот "инвазијата на бразилските манекенки". Еве ги имињата на некои од нив, по кои воздивнува машкиот дел од  нашата читателска публика: Жизел Бундхен, Адријана Лима, Изабел Фонтана, Фернанда Тавареш ... Еехх, соништа ...


Рио де Жанеиро е можеби најпознатиот град во Бразил. 

Фото: KLAUS WITH K

Рио де Женеиро, често нарекуван и само Рио, е главен град на истоимената држава, втор по големина град во Бразил и 3. метропола во Јужна Америка, достигнувајќи максимални 6.3 милиони жители во внатрешноста на градот, правејќи го 6. по големина во Северна и Јужна Америка, а 26. во светот. Овој град бил главен град на Бразил скоро два века, од 1763тата до 1815тата во времетраењето на Португалската колониска ера, после 1815тата до 1821та станува главен град на Обединетото Кралство на Португалија, Бразил и Алгарвеш. Рио де Женеиро многу често е нарекуван the Cidade Maravilhosa, што во превод значи “Волшебниот град”. Рио де Женеиро го претставува вториот по големина БДП (бруто домашен производ) во земјата( а 30. по големина во светот во 2008 година) кој се проценува на близу 343 милјарди реали ( скоро 201 милјарди американски долари) и е седиште на двете големи Бразилски компании – Петробас и Вале, и големите нафтени компании и телефонија во Бразил, покрај најголемиот конгломерат на медиуми и комуникациски компании во Латинска Америка, Глобо Организации. Како дом на многу универзитети и институти Рио де Женеиро е вториот по големина центар за истражување и развој во Бразил.


 Овој град е најпосетуваниот град во јужната хемисфера и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самба, Боса Нова и плажите како што се Бара деТихука, Копакабана, Опанема и Леблон. Во прилог на плажите оди и најпознатата знаменитост, огромната статуа на Исус Спасителот ('Cristo Redentor') на врвот на планината Корковадо, оваа статуа е дел од Новите Седум Чуда на Светот. Потоа планината Шеќерна Глава, Самбадроме (област во која се стационирани повеќе училишта за самба танц и која се користи како авенија за време траење на Карневалот) и на крај Стадионот Маракана, еден од најголемите фудбалски стадиуми во светот. Летните Олимписки Игри во 2016та година ќе се одржат во Рио де Женеиро, а со ова ќе се обележи првиот пат на Јужна Америка да биде домаќин на настан. Стадиумот Маракана во Рио ќе биде исто така домаќин на финалниот меч за Светското првенство во фудбал во 2014тата година . Во 2013та година Рио де Женеиро е домаќин на Светскиот ден на младите.



Насловно фото: MTEIXEIRA62